Координативен состанок за спроведување на симултана вежба

На 06.10.2023 год.во ООУ „Гоце Делчев“ се одржа подготвителен координативен состанок за спроведување на симултана вежба во училиштето за заштита и спасување на учениците и персоналот од опасноста пожар и земјотрес. За прв пат во општина Свети Николе ќе се спроведе голема и мултисекторска вежба во која учеството ќе земат сите надлежни локални институции. Според утврдениот план кој ќе биде во неколку фази, се планира обука на наставниот кадар, персоналот и на сите учениците за тоа како да се заштитат од ризиците од катастрофи, а потоа следува подготовка и спроведување на вежбата која се очекува да биде спроведена до крајот на годината . На состанокот присуствуваа претставници од институции кои ќе го спроведат проектот во горенаведеното училиште, ПО РЦУК Свети Николе како координатор, ТППЕ Свети Николе, ДПД Свети Николе, ОВР Свети Николе, ЈЗУ Здавствен дом Свети Николе, ОО на Црвен Крст Свети Николе, ПО ДЗС Свети Николе, наставен кадар и други. На наше големо задоволство инструктори и помагачи за спроведување на вежбата се претставници од ПО РЦУК и ПО ДЗС Струмица кои имат повеќегодишно експертско искуство во спроведување на вежби во училиштата и истите учествуваа на денешниот координативен состанок.

Следете нѐ на Фејсбук

Opstina Sveti Nikole
Opstina Lozovo