Показни вежби

Показна вежба „Евакуација во случај на пожар и ракување со ПП апарат“ – Лозово 2024 г.

На ден 16.04.2024 година, беше спроведена показна вежба „Евакуација во случај на пожар и ракување со ПП апарат“ во ООУ „Методи Митевски Брицо“, општина Лозово. Воедно беа образложени превентивните мерки за заштита од пожари во домот и во училиште, бројот на итните служби и беше презентирана дел од опремата која се користи при интервенции.

 

Показна вежба “Симулација во случај на пожар и елементарна непогода и евакуација” – 2023 – 2

Како продолжение од минатата седмица, во делот на едукација и превентивно делување и спроведување на планот за заштита и спасување, денес 06.03.2023, беше спроведена тактичко-показна вежба “Симулација во случај на пожар и елементарна непогода и евакуација” каде што преку симулиран настан, учениците и вработените во училиштата имаа прилика подобро да ги запознаат мерките за безбедност и евакуација, а воедно им беше презентирана и дел од опремата која се користи при интервенции. Во оваа показна вежба беа опфатени ООУ “Гоце Делчев” – Свети Николе и ООУ “Даме Груев” с. Ерџелија, Свети Николе.

 

Показна вежба “Симулација во случај на пожар и евакуација” 2023

Денес, 27.02.2023 година, поради зголемениот број на повици во изминатиот период од месец февруари, но и поради подобро справување и поголема заштита од пожари, сообраќајни несреќи и други елементарни непогоди во периодот што следува, се одржа работен состанок во просториите на противпожарната станица. Воедно, беше спроведена и тактичко-показна вежба “Симулација во случај на пожар и евакуација”, каде што исто така беше и презентирана дел од опремата која се користи при секаков вид на интервенции. Во оваа показна вежба беа опфатени ООУ “Кирил и Методиј” – Свети Николе и Ј. О. У. Детска градинка “Рахилка Гонева” – Свети Николе.

 

Показна вежба во ООУ „Методи Митевски-Брицо“ – општина Лозово и ООУ „Даме Груев“ с. Ерџелија, општина Свети Николе

На 2 Јуни 2022 година се спроведе показна вежба преку симулација во случај на пожар, експлозија и елементарна непогода со цел едукација за постапување во случај на извесна загрозувачка ситуација по здравјето и безбедноста на учениците и вработените во ООУ “Методи Митевски – Брицо” Општина Лозово и ООУ ” Даме Груев” с. Ерџелија, Свети Николе.

Показна вежба по повод „20-ти Мај – Денот на пожарникарите“

На ден 20.05.2022 г  во кругот на поранешната фабрика „Југотутун“ , привремен противпожарен дом на ТППЕ, се спроведе показна вежба – гасење на пожар во објект, по повод 20-ти Мај – Денот на пожарникарите во Македонија. На вежбата присуствуваа децата од ЈОУДГ „Рахилка Гонева’ Свети Николе.

Следете нѐ на Фејсбук

Opstina Sveti Nikole
Opstina Lozovo