Посета на децата од Летниот камп 2023 на „Soncence Lounge bar & Kids Club“

Денес 13.07.2023, во посета на противпожарната станица, за прв пат, ни беа децата од Летниот камп 2023 на „Soncence Lounge bar & Kids Club“ каде што имаа можност да ги разгледаат просториите во новата противпожарна станица во која се реализираат дневните активности на пожарникарите, како се прима повик за итни случаи и целокупната работа и обврски на пожарникарите во текот на работното време. Целта на оваа посета беше и да се запознаат со професијата “пожарникар-спасител”, да научат како да се внимава да не дојде до пожар и како да се реагира во случај на пожар и друга непогода. Воедно беше направена демонстрација на опремата и возилата, како се користат при интервенции и да научат повеќе за истите.
Ни преставува голема чест и задоволство што денес имавме прилика да се дружиме и се надеваме дека оваа дружба ќе прерасне во традиција.
Благодарност до сите од Летниот камп 2023

Следете нѐ на Фејсбук

Opstina Sveti Nikole
Opstina Lozovo