Работна посета во Англија, Велика Британија

(12.05.2023) На покана на здружението „Операција Флоријан“ (Operation Florian) од Велика Британија, Командирот Александар Лазев заедно со Кристијан Атанасов, пожарникар-спасител од ТППЕ Свети Николе, се на работна посета во Англија, ОК на Велика Британија. Целта на оваа работна посета е да се запознае британскиот противпожарен систем, односно со какви материјални и човечки ресурси располагаат противпожарните служби, видови на интервенции, начинот на примање итен повик, мобилизација и настапување на интервенција, комуникацијата и координацијата помеѓу итните служби и диспечерскиот центар за итни повици (999 / 112), неделен распоред на активности, видови на обука и вежби, размена на искуства итн.

Следете нѐ на Фејсбук

Opstina Sveti Nikole
Opstina Lozovo