Показна вежба “Симулација во случај на пожар и евакуација” 2023

Денес, 27.02.2023 година, поради зголемениот број на повици во изминатиот период од месец февруари, но и поради подобро справување и поголема заштита од пожари, сообраќајни несреќи и други елементарни непогоди во периодот што следува, се одржа работен состанок во просториите на противпожарната станица. Воедно, беше спроведена и тактичко-показна вежба “Симулација во случај на пожар и евакуација”, каде што исто така беше и презентирана дел од опремата која се користи при секаков вид на интервенции. Во оваа показна вежба беа опфатени ООУ “Кирил и Методиј” – Свети Николе и Ј. О. У. Детска градинка “Рахилка Гонева” – Свети Николе.

Следете нѐ на Фејсбук

Opstina Sveti Nikole
Opstina Lozovo