Настани

Ден на пожарникарите 2024

По повод 20-ти Мај – Денот на пожарникарите во Република Македонија, денес дечињата од ЈОУДГ “Рахилка Гонева” Свети Николе беа во посета на нашата противпожарна станица каде што имаа прилика да ја разгледаат нашата противпожарна станица, а воедно им беше презентирана опремата и возилата со кои што располага нашата противпожарна единица.
Честит 20-ти Мај – Денот на пожарникарите во Република Македонија
 

Посета на дел од учениците од ООУ „Гоце Делчев“ Свети Николе

(11.03.2024) Денес во посета на нашата противпожарна станица ни беа ученици од ООУ „Гоце Делчев“ Свети Николе. На денешната посета беа запознаени со професијата Пожарникар-спасител, со какви ПП возила располагаме и каква техничка опрема се користи при различни видови на интервенции.

Посета на дел од учениците од 7-мо одд. од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Свети Николе

(29.02.2024) Денес во посета на нашата противпожарна станица ни беа дел од учениците од 7-мо одд од ООУ „Свети Кирил и Методиј“ Свети Николе. На денешната посета беа запознаени со професијата Пожарникар-спасител, со какви ПП возила располагаме и каква техничка опрема се користи при различни видови на интервенции.
 

Заминување во пензија на Командир на одделение Марјанчо Панев

Денес,19.02.2024г, во просториите на противпожарната станица се одбележа заминувањето во пензија на Марјанчо Панев – Командир на одделение, по 36 години во противпожарната служба.
Голема благодарност за се што има постигнато во сите овие години.
Среќни пензионерски денови!

Презентација на новата противпожарна опрема набавена преку УНДП

Денеска, 08.02.2024г. во просториите на противпожарната станица беше предадена нова противпожарна опрема обезбедена преку проектот „Пост-КОВИД: Општините како двигатели за одржливиот развој“. Станува збор за проект за меѓуопштинска соработка помеѓу Свети Николе и Лозово, чија основна цел е да се зајакнат капацитетите за одговор во кризни состојби во регионот на двете општини. Овој проект го имплементира Програмата за развој на Обединети Нации (УНДП) во соработка со Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, а набавката на опремата е кофинансирана и од општините Свети Николе и Лозово.
Набавената опрема е наменета за ТППЕ Свети Николе којашто ја покрива и територијата на општина Лозово. Станува збор за лична заштитна и работна опрема за пожарникарите, како и колективна техничка опрема која е наменета за интервенции.
Во рамки на проектот беше изработена и веб страна за противпожарната единица, а општините се приклучија кон веб и мобилната апликација за пријавување проблеми во заедницата „Пријави 24“. Вкупната вредност на проектот изнесува 1,540,708,00 МКД од кои општините кофинансираа 265,782,00 МКД.
Меѓуопштинската соработка, која е основа за ова партнерство, ќе придонесе за поголема безбедност на граѓаните и ќе биде основа за понатамошни инвестирања, со цел подобрување на условите за живот и сигурноста во општините Свети Николе и Лозово.

Набавка на ново теренско возило

После 3 децении, денес 22.01.2024г., Територијалната противпожарна единица Свети Николе го обнови својот возен парк со 1 теренско возило преку сопствени финансиски средства на општината, кое ќе се користи за побрз и поефикасен одговор на секој предизвик за зачувување на животната средина и материјалните добра, а пред се животот на граѓаните и нивните имоти.

 

Презентација на новата на работна униформа

Денес, 23.11.2023г. во просториите на противпожарната станица беше доставена комплет работна униформа. 
Благодарност до сите учесници за подобрување на условите во противпожарната единица.

Втора работна посета во Англија, Велика Британија

(25.10.2023) Како продолжение на претходната работна посета во Мај 2023г, но и долгогодишна соработка со здружението “Операција Флоријан” од Велика Британија, двајца наши пожарникари се во посета на новата противпожарната станица и новиот тренинг центар во склоп на противпожарната станица во градот „Хоршам“, (Horsham Fire Station) Англија. Целта на оваа работна посета е учество на дигитална симулациска вежба која се состои од настапување на интервенција на запален објект, проценка на ризик, командување на интервенција, координација со итните служби, и сите потребни процедури за брза и успешна интервенција.
Голема благодарност до Operation Florian , Roy Barraclough , West Sussex Fire & Rescue Service и сите други вклучени кои овозможија оваа работна посета да биде успешна и се надеваме дека и во иднина ќе продолжиме со соработката.

Координативен состанок за спроведување на симултана вежба

На 06.10.2023 год.во ООУ „Гоце Делчев“ се одржа подготвителен координативен состанок за спроведување на симултана вежба во училиштето за заштита и спасување на учениците и персоналот од опасноста пожар и земјотрес. За прв пат во општина Свети Николе ќе се спроведе голема и мултисекторска вежба во која учеството ќе земат сите надлежни локални институции. Според утврдениот план кој ќе биде во неколку фази, се планира обука на наставниот кадар, персоналот и на сите учениците за тоа како да се заштитат од ризиците од катастрофи, а потоа следува подготовка и спроведување на вежбата која се очекува да биде спроведена до крајот на годината . На состанокот присуствуваа претставници од институции кои ќе го спроведат проектот во горенаведеното училиште, ПО РЦУК Свети Николе како координатор, ТППЕ Свети Николе, ДПД Свети Николе, ОВР Свети Николе, ЈЗУ Здавствен дом Свети Николе, ОО на Црвен Крст Свети Николе, ПО ДЗС Свети Николе, наставен кадар и други. На наше големо задоволство инструктори и помагачи за спроведување на вежбата се претставници од ПО РЦУК и ПО ДЗС Струмица кои имат повеќегодишно експертско искуство во спроведување на вежби во училиштата и истите учествуваа на денешниот координативен состанок.

* Текстот и фотографиите се преземени од ФБ страната на ООУ „Гоце Делчев“ Свети Николе

 

Посета на децата од Летниот камп 2023 на „Soncence Lounge bar & Kids Club“ 

Денес 13.07.2023, во посета на противпожарната станица, за прв пат, ни беа децата од Летниот камп 2023 на „Soncence Lounge bar & Kids Club“ каде што имаа можност да ги разгледаат просториите во новата противпожарна станица во која се реализираат дневните активности на пожарникарите, како се прима повик за итни случаи и целокупната работа и обврски на пожарникарите во текот на работното време. Целта на оваа посета беше и да се запознаат со професијата “пожарникар-спасител”, да научат како да се внимава да не дојде до пожар и како да се реагира во случај на пожар и друга непогода. Воедно беше направена демонстрација на опремата и возилата, како се користат при интервенции и да научат повеќе за истите.
Ни преставува голема чест и задоволство што денес имавме прилика да се дружиме и се надеваме дека оваа дружба ќе прерасне во традиција.
Благодарност до сите од Летниот камп 2023

Посета на дечињата од ЈОУДГ „Рахилка Гонева“ Свети Николе

По повод 20- ти Мај, Денот на пожарникарите, денес 19.05.2023 година, дечињата од ЈОУДГ “Рахилка Гонева” Свети Николе за прв пат беа во посета на новата противпожарна станица каде што имаа прилика да ја разгледаат нашата противпожарна станица, а воедно им беше презентирана опремата и возилата со кои што располага нашата противпожарна единица.
(17.05.2024) Вежба – претрага и извлекување на повредено лица во пожар во куќа. Обучен центар „Fireaid GMT“ Саутемптон, Англија
 
Голема благодарност до:
и многу други.

Посета на противпожарната станица „Вортинг“ (Worthing Fire Station, West Sussex Fire & Rescue Service)

(15.05.2023) Посета на противпожарната станица „Вортинг“ (Worthing Fire Station, West Sussex Fire & Rescue Service) и присуство на вежба – претрага и извлекување на повредени лица во пожар во куќа. Во вежбата учествуваше и специјалниот тим за спасување од висина, длабочина, во вода и на животни, а беше користено противпожарно возило со 32 метарска хидраулична платформа за гаснење на пожари и спасување од висококатници и кровови на објекти.

Работна посета на Лондонската противпожарна бригада (London Fire Brigade)

(14.05.2023) Посета на лондонската противпожарна бригада (London Fire Brigade), поточно противпожарната станица „Сохо“ (Soho Fire Station) во централен Лондон која се смета за станица со најмногу интервенции. Посета и на противпожарната станица „Ламбет“ (Lambeth Fire Station) која се смета за една од најстарите противпожарни станици во Лондон во чии состав имаат специјален тим и противпожарни бродови за интервенции и спасување во вода.

 

Работна посета во Англија, Велика Британија

(12.05.2023) На покана на здружението „Операција Флоријан“ (Operation Florian) од Велика Британија, Командирот Александар Лазев заедно со Кристијан Атанасов, пожарникар-спасител од ТППЕ Свети Николе, се на работна посета во Англија, ОК на Велика Британија. Целта на оваа работна посета е да се запознае британскиот противпожарен систем, односно со какви материјални и човечки ресурси располагаат противпожарните служби, видови на интервенции, начинот на примање итен повик, мобилизација и настапување на интервенција, комуникацијата и координацијата помеѓу итните служби и диспечерскиот центар за итни повици (999 / 112), неделен распоред на активности, видови на обука и вежби, размена на искуства итн.

 

Донирана пинг-понг маса за ТППЕ Свети Николе

(18.03.2023) Голема благодарност до нашиот сограѓанин Кристијан Милевски за донираната маса за пинг-понг.

 

Донирани 2 ЛЦД телевизори за ТППЕ Свети Николе

Денес 08.02.2023 г беше предадена донацијата која се состои од 2 ЛЦД телевизори наменета за нашата противпожарна станица. Голема благодарност до општествено одговорната компанија Mozzart Bet Makedonija за горенаведената донација.
 
 
 

Официјално примопредавање на противпожарно возило

Денес, 23.12.2022 година на свечено примопредавање во општина Кавадарци, Територијалната противпожарна единица Свети Николе го обнови својот возен парк со 1 противпожарно пратечко возило марка FORD 1833 со носивост од 6.000 л вода со комплетна техничка опрема, обезбедено преку Министерство за локална самоуправа, Вардарскиот плански регион и Бирото за регионален развој на Република Македонија.
 

Официјална посета на Нејзината Екселенција Амбасадорката на САД во Република Македонија, г-ѓа Агелер во новата ПП станица

Денес, 15.12.2022 година, во посета на општина Свети Николе беше Нејзината Екселенција Амбасадорката на САД во Република Македонија, г-ѓа Агелер, при што свечено е пуштена во употреба новата противпожарна станица на ТППЕ Свети Николе, во вредност од 450.000 долари, а паричните средства се добиени како грант од Американската амбасада и Инжинерската команда на морнаричките сили на САД (НАВФАК) . На настанот присуствуваа и претставници од Инжинерската команда на морнаричките сили на САД (НАВФАК), институциите во градот, невладини организации и ученици од ACCESS проектот спонзориран од Американската амбасада. Амбасадорката се сретна со Противпожарната единица каде и беше претставена работата на ТППЕ и можностите кои се отвараат со новата противпожарна станица која е градена по највисоките светски стандарди.
Исто така на Американската амбасада е доделена Плакета по повод престојниот празник Свети Никола за посебни заслуги во противпожарната заштита на општина Свети Николе.
Од името на сите граѓани изразуваме најдлабока почит и благодарност за овој највисок чин на пријателство од Американскиот народ кон општина Свети Николе.

* Текстот и фотографиите се преземени од ФБ страната на градоначалникот на општина Свети Николе 

 

Регионален штаб Свети Николе: Утврдена подготвеноста на институциите за справување со опасноста од снежни наноси и зимско одржување на патиштата

На ден 2.12.2022 година се одржа заедничкиот штаб на ПО на Регионалниот центар за управување со кризи Свети Николе и на ПО на Дирекцијата за заштита и спасување Свети Николе, на кои беа разгледани точките за подготвеноста на субјектите во превенција и справување од опасностите од снежни наноси и поплави и за зимското одржување на патиштата за општините Свети Николе и Лозово. На состанокот се изврши меѓуинституционално запознавање со состојбите и надлежностите на дејствување со разменија на информации, а се утврдија и начини на заедничко дејствување со предлози при евентуални опасности кои престојат во овој зимски период.
Овластениот раководител на Регионалниот штаб за управување со кризи Свети Николе Ристе Панов, ги запозна членовите на штабот за насоките дадени од ЦУК за мерките и активностите кои треба да бидат превземени од страна на надлежните субјекти, како и за важноста на добивањето на информации на РЦУК и за работата на бројот 112. Од страна на присутните претставници на субјектите од системот за управување со кризи, се констатираше дека постои подготвеност за локално дејствување, во делот на оперативните планови со утврдени со приоритети за зимско одржување на патиштата и улиците, подготвеност со механизација, со набавка на сол и песок, пумпи и друга опрема за справување со опасностите во зимскиот период.
На состанокот присуствуваше Градоначалникот на Општина Свети Николе Дејан Владев кој истакна дека во текот на наредната година се планира набавка на нови противпожарни и теренски возила. Покрај градоначалникот, учество во штабот зедоа и претставници од ОВР Свети Николе, од АД „Водостопанство“ Свети Николе, ОО на Црвен крст Свети Николе, преставници од ЕЛС Свети Николе и Лозово, ЈКП „Комуналец“ Свети Николе, од ПШС Шумарство Свети Николе, командирот на ТППЕ Свети Николе, организаторите на заедничкиот штаб раководителите Ристе Панов на РШУК Свети Николе и Елизабета Јованчева од ПО на ДЗС Свети Николе, како и претставникот од РЦУК Свети Николе Ристе Андонов.

* Текстот и фотографиите се преземени од ФБ страната на ЦУК

 

Кампањата за подигање на свеста за рак на дојка.

Денес Свети Николе е во розево. Територијалната противпожарна единица Свети Николе заедно со ДПД – Свети Николе денес (15.10.2022) учествуваше во кампањата за подигање на свеста за рак на дојка. Раната детекција е клyчна, правете превентивни прегледи и самопрегледи.

 

Посета на ученици од ООУ “Гоце Делчев’ Свети Николе

Противпожарните апарати и нивната намена е наставна содржина која се изучува по предметот Природни науки во VI одделение. По тој повод учениците од овие одделенија заедно со предметниот наставник Татјана Крстева Панева, на ден 02.10.2022 г. остварија посета во просториите на новата противпожарна станица Свети Николе каде одблизу се запознаа со противпожарните апарати и нивната намена.

Ден на пожарникарите 2022 

На ден 20.05.2022г. (петок) по повод Денот на пожарникарите се спроведе показна вежба каде што присуствуваа децата од ЈОУДГ  “Рахилка Гонева” Свети Николе. По вежбата се одржа дефиле низ градот со ПП возилата.

Следете нѐ на Фејсбук

Opstina Sveti Nikole
Opstina Lozovo