Кампањи за превенција од пожари

Кампања за заштита од пожари на отворен простор на територијата на општините Свети Николе и Лозово – Февруари 2024

 
Поради необично високите температури за овој период од годината, ТППЕ Свети Николе интервенираше на триесетина настанати пожари на отворен простор, односно запалени пасишта, стрништа, трска, грмушки и друго.
Па поради тоа, со цел поголема заштита од пожари, ТППЕ Свети Николе заедно со “Македонски шуми” ШС Свети Николе, ОВР Свети Николе и РЦУК Свети Николе, во период од 26.02.2024 до 01.03.2024 спроведе кампања за заштита од пожари на отворен простор на територијата на општините Свети Николе и Лозово
 

Да ги заштитиме нашата животна средина, животинскиот и растителен свет!!!

 
Пријави пожар на бесплатниот телефонски број 112 или 193

Превентивна кампања за заштита од пожари на отворен простор на територијата на општините Свети Николе и Лозово – 2022

Под мотото „Да ги заштитиме нашата животна средина, животинскиот и растителен свет“ во општините Свети Николе и Лозово кои ги покрива РЦУК Свети Николе, се започна со кампања за заштита од пожари во шуми и на отворен простор. Кампањата е во согласност со одлуката на последниот заеднички Регионален штаб за управување со кризи и заштита и спасување Свети Николе на кои се формираше тим за превенција за посета на месните заедници во двете општини, а исто така се направија плакати и се објави известување до локалните медиуми за забраната за палење на оган на отворен простор.
Тимот за превенција составен од раководителот на штабот при РЦУК Свети Николе, раководителот по заштита на шуми и екологија во ПШС „Шумарство“ Свети Николе, од одговорниот за превенција и помошник командир за ЈРМ во МВР – ОВР Свети Николе и од командирот на ТППЕ Свети Николе и со нивни заменици, ги посетија и освтарија средби со граѓаните и раководствата на месните заедници во нивните средини во општините Свети Николе и Лозово. На дирекнтите средби отворено се дискутираше за превентивните мерки за заштита од пожари на отворен простор и на шумите, на кои беа потенцирани важноста за почитување на забраната за палење на оган на отворен простор со предвидените законски казни за нивно непочитување, за начинот на локално организирање на првичниот одговор во случај на пожар, за последиците од настанатите пожари, како и за системот на интервенирање на субјектите од СУК со акцент на важноста на бројот за јавување за итни повици 112 и другите броеви на надлежните субјекти.
Една од позначајните средби на тимот беше состанокот со претседателите на месните заедници од Општина Лозово на кој беше потенцирана важноста и улогата на месните заедници во првичниот одговор за пожарите и за спроведување на локалната превенција. Исто така на состанокот се донесе заеднички заклучок за отварање на мобилен пункт на ПСШ „Шумарство“ Свети Николе за поднесување на барања за движење во шумите, каде жителите од општина Лозово наместо да одат и да имаат патни трошоци до седиштето во Свети Николе, тие можат да ги поднесуваат барањата во зградата на Општина Лозово.
Покрај дирекните средби со граѓаните, како дел од кампањата беше поставување на информативни плакати на сите фрекфрентни локации во населените места, а исто така со соопштение преку локалните медиуми се известуваат граѓаните за забраната и последиците од палење на оган на отворен простор.

* Текстот и фотографиите се преземени од ФБ страната на ЦУК

Следете нѐ на Фејсбук

Opstina Sveti Nikole
Opstina Lozovo