Пожари

05.04.2024

Денес во 18:20 интервенирано е со 1 ПП возило на уште едно запалено ПМВ во близина на патарина “Преод”.

АПЕЛ ДО СИТЕ ГРАЃАНИ 
Да ја прилагодат брзината кога управуваат со своето возило додека поминуваат покрај настаната незгода на пат и да внимаваат на поставените чунови/трокути !

 

05.04.2024

Денес во 15:19 ч интервенирано е со 1 ПП возило на запалено ПМВ кај патарина “Преод”.

17.02.2024

Денес во 15:23, во с. Кадрифаково интервенирано е со 1 ПП возило на запалено ѓубре и стрниште, а од близината на пожарот, зафатени се греди и пластична ламперија од кровната конструкција.

08.02.2024

Денес, во с. Стањевци, интервенирано е со 1 ПП возило на запалено стрниште, трева и нискостеблеста вегетација.
 А П Е Л И Р А М Е
Да не се пали оган на отворен простор!!!
Доколку се забележи пожар, јавете се на бесплатниот телефонски број 112 или 193

06.02.2024

Денес, во попладневните часови, интервенирано е со 2 ПП возила на запалена трска и трева
 А П Е Л И Р А М Е 
Да не се пали оган на отворен простор!!!
Доколку се забележи пожар, јавете се на бесплатниот телефонски број 112 или 193

 

01.02.2024

Денес, по добиена дојава за пожар во с. Мустафино, интервенирано е со 2 ПП возила на запалена трева каде што зафатена е и борова шума. При враќање од интервенцијата забележан е друг пожар во непосредна близина, односно запалено стрниште. Интервенирано е со 1 ПП возило, а на лице место затекнати се лица со земјоделска машина. Пријавено е во ОВР Свети Николе, направен е записник на лице место од нивна страна. Интервенирано е со 2 ПП возила на запалена трева и во близина на с. Немањици.
А П Е Л И Р А М Е 
Да не се пали оган на отворен простор!
Доколку се забележи пожар, јавете се на бесплатниот телефонски број 112 или 193

 

20.12.2023

Денес околу 20:30 часот интервенирано е со 1 ПП возило на ул. “Септемвриска” на запален сендвич-ѕид и електричен кабел.
Благодарност до сопствениците и соседите кои веднаш реагирале употребувајќи ПП апарат и спречиле пожарот да се рашири низ целата конструкција.

 

19.12.2023

Денес околу 20:00 часот интервенирано е со 3 ПП возила на ТППЕ Свети Николе и 1 ПП возило и екипа од ДПД – Свети Николе / Volunteer Fire Department – Sveti Nikole на запалена кровна конструкција. Причинета е голема материјална штета, и спречено е пожарот да се прошири и да ги зафати околните куќи.
Благодарност до сите граѓани што се погрижија за пожарникарите со вода и топол чај.

 

23.10.2023

Денес, 23.10.2023 г, интервенирано е со 2 ПП возила на запалено стрниште, трева и нискостеблеста вегетација кај с. Малино. Во гаснењето учествуваа и екипи од ЈП “Македонски шуми” со 1 теренско возило и ДПД – Свети Николе / Volunteer Fire Department – Sveti Nikole со 2 ПП возила.
 А П Е Л И Р А М Е 
Да не се пали оган на отворен простор!!
Доколку се забележи пожар јавете се на бесплатниот телефонски број 112 или 193

 

19.10.2023

На ден 18.10.2023 г. околу 21:20 часот во непосредна близина на конфекцијата “АД Мода”, интервенирано е со 4 ПП возила на запалена свињарска фарма. Предизвикана е голема материјална штета, но и животинска загуба.

 

16.10.2023

Денес во утринските часови, интервенирано е со 1 ПП возило на запалена трева, борова шума и нискостеблеста вегетација кај с. Милино, Лозово. Пожарот првично бил започнат кај с. Иванковци општина Велес, но поради силниот ветер проширен е на територија на општина Лозово. Во гаснењето учествуваа и екипи од ЈП „Македонски шуми“ подружница Велес со 1 теренско возило и подружница Свети Николе со 2 теренски возила, како и ДПД – Свети Николе / Volunteer Fire Department – Sveti Nikole со 1 транспортно возило и 1 четирицикал е направена контрола на пожарот. Ангажирани беа и 1 хеликоптер на МВР и 2 авиони “Ер трактор” на ДЗС.
Предизвикана е огромна штета врз природата и биодиверзитетот.
Благодарност до сите кои што директно или индиректно учествуваа во гаснењето на пожарот.
 А П Е Л И Р А М Е
– Да не се пали оган на отворен простор!!!
Доколку се забележи пожар, јавете се на бесплатниот телефонски број 112 или 193
27.09.2023

Денес, во општина Лозово, со 1 ПП возило интервенирано е на запалена трева и стрниште поради што зафатен е и лозов насад и причинета материјална штета. Голема благодарност до ЈКП Лозово и граѓаните што помогнаа во гаснењето на пожарот.
А П Е Л И Р А М Е
Да не се пали оган на отворен простор!!!
Доколку се забележи пожар, јавете се на бесплатниот телефонски број 112 или 193

 

23.09.2023

Денес на барање на пожарна Штип, со 1 ПП возило интервенирано е на запалена трева и борова шума.
 А П Е Л И Р А М Е 
Да не се пали оган на отворен простор!
Доколку се забележи пожар, јавете се на бесплатниот телефонски број 112 или 193

 

16.08.2023

Денес со 1 ПП возило интервенирано е на запалена борова шума и трева во атарот на с. Кошино на м.в Кошински рид, општина Лозово. Во гаснењето учествуваа и од пожарна Велес со 1 ПП возило, екипа на ЈП “Македонски шуми”, ЈПКД Лозово, Центар за управување со кризи, 3 авиони “Ер трактор” на Дирекција за заштита и спасување и 2 хеликоптери на МВР.
 А П Е Л И Р А М Е 
Да не се пали оган на отворен простор!!
Доколку се забележи пожар јавете се на бесплатниот телефонски број 112 или 193

 

15.08.2023

Денес, по добиена дојава од страна на Пожарна Кочани за дополнителна помош, во 18:20 интервенирано е со 1 ПП возило и 3 пожарникари на запалена трева и нискостеблеста вегетација во с. Соколарци, општина Чешиново-Облешево.
 А П Е Л И Р А М Е 
Да не се пали оган на отворен простор!
Доколку се забележи пожар јавете се на бесплатниот телефонски број 112 или 193

 

07.08.2023

На ден 07.08.2023 г. со 1 ПП возило и 1 теренско возило интервенирано е на запалена трева и нискостеблеста вегетација, каде поради многу силниот ветер зафатена е површина од околу 300-400 ха. Поради специфичниот терен, побарана е помош од Пожарна Велес со 1 теренско возило, 1 теренско возило од Пожарна Штип, ДПД Свети Николе со 1 ПП возило, 1 транспортно возило и 1 четирицикал. Во гаснењето учествуваа и екипи на ЈКП “Комуналец” Свети Николе, ЈП “Македонски шуми” ШС Свети Николе, МЦЦ мото клуб Свети Николе и многу граѓани.
Огромна благодарност до сите што учествуваа во гаснењето и што на секој начин допринесоа за успешна акција.
* Деновиве најавен е силен ветер, па затоа ги замолуваме сите граѓани да се воздржат од палење на оган на отворен простор, и да се внимава како се однесува при движење на отворен простор со цел да се избегне предизвикување на ненадоместлива материјална штета по граѓаните и природата, но и соодветни казни за предизвикувачите.
 А П Е Л И Р А М Е 
Да не се пали оган на отворен простор!
Доколку се забележи пожар јавете се на бесплатниот телефонски број 112 или 193

 

05.08.2023

Денес, на територијата на општината Свети Николе имаше 3 големи пожари. Изгорени се над 100 ха нискостеблести растенија, стрништа, лозја, појас, неколку викенд куќи, помошни објекти, пластеници и др. Интервенирано е со 3 ПП возила на Пожарна Свети Николе, 1 ПП возило од Пожарна Штип, 2 возила на ДПД – Свети Николе / Volunteer Fire Department – Sveti Nikole со 1 преносен резервоар за вода за полнење на хеликоптерите, 2 теренски возила на ЈП “Македонски шуми”, 2 хеликоптери на МВР, неколку трактори на граѓани и на фирми, ЈКП “Комуналец”, 3 возила на ОВР Свети Николе, РЦУК Свети Николе, ДЗС ПЕ Свети Николе и стотици граѓани кои самоиницијативно и несебично помогнаа во гасењето од кои некои со сопствени четирицикли.
Топлото време, силниот ветер, а пред се човечкиот фактор, допринесе да се направи огромна материјална штета. Сите пожари кои беа на територијата на Општина Свети Николе се целосно изгаснати.
Огромна благодарност до сите кои учествуваа во гасењето на денешните пожари и оние кои снабдуваа со освежителни пијалаци и вода.
* Ги замолуваме сите граѓани да се воздржат од палење оган на отворен простор и да внимаваат како се однесуваат при движење на отворен простор.
 А П Е Л И Р А М Е 
– Да не се пали оган на отворен простор!
Доколку се забележи пожар јавете се на бесплатниот телефонски број 112 или 193
 

28.07.2023

Денес со 1 ПП возило интервенирано е на запалена трева и стрниште во с. Ѓуземелци, општина Лозово. Спречено е пожарот да зафати пчеларник и куќите во близина и да предизвика голема материјална штета.
 А П Е Л И Р А М Е 
– Да не се пали оган на отворен простор!!!
– Доколку се забележи пожар јавете се на бесплатниот телефонски број 112 или 193

 

27.07.2023

Денес во 11:10 со 2 ПП возила интервенирано е на запален објект за чување добиток, а од силниот ветер зафатена е тревата околу објектот.
Спасено е јаре, но за жал таква среќа немаа 1 свиња и 4 прасиња. Настаната е материјална штета.

 

26.07.2023

Денес во 15:30, позади станицата за технички преглед “Автосигурност”, интервенирано е со 3 ПП возила на запалена трева и нискостеблести растенија, каде што се опожарени и дрвја. Пожарот е изгаснат и спречено е опожарување на објектите во близина и настанување на поголема материјална штета.
А П Е Л И Р А М Е 
Да не се пали оган на отворен простор!!!
Доколку се забележи пожар јавете се на бесплатниот телефонски број 112 или 193

 

25.07.2023

Денес во попладневните часови со 2 ПП возила на Пожарна Свети Николе и 1 теренско возило од ЈП “Македонски шуми”, интервенирано е на запалена сува трева во која опфатени се и дрвја.
 А П Е Л И Р А М Е 
– Да не се пали оган на отворен простор!!!
– Доколку се забележи пожар јавете се на бесплатниот телефонски број 112 или 193

 

22.07.2023

Денес во 11:15 добиена е дојава за запален комбајн кој извршувал земјоделски работи поради што зафатени се и над 20 ха стрниште, појас и нискостеблести растенија. Интервенирано е со 1 ПП возило од ТППЕ Свети Николе, 1 ПП возило од TPPE Kumanovo – Pozarna и 1 теренско возило од ЈП “Македонски шуми”.
Огромна благодарност до сите граѓани кои беа на лице место и оние кои дојдоа со сопствена земјоделска механизација и се вклучија во гасењето на пожарот.
* Доколку се забележи пожар јавете се на бесплатниот телефонски број 112 или 193

 

 

Следете нѐ на Фејсбук

Opstina Sveti Nikole
Opstina Lozovo