Во период од 28.01 – 02.02.2026, делегација од ТППЕ Свети Николе реализираше работна посета во областа Јужен Тирол, Италија, во градот Мерано. Во рамки на посетата беа остварени средби и посети на неколку доброволни противпожарни друштва, каде што се запознавме со нивниот систем на работа и начинот на функционирање.
Исто така, беше реализирана и посета на фабриката Rosenbauer Group, водечки производител на противпожарна опрема и возила.
Во текот на посетата беше преземена вредна донација која вклучува:
– нови заштитни униформи Fire Max 3
– работни панталони
– свечени кошули
– противпожарни црева и млазница
Огромна благодарност до нашиот сограѓанин Ljupco Staev, кој живее во Мерано и лично ја обезбеди оваа донација за нас и ДПД – Свети Николе / Volunteer Fire Department – Sveti Nikole, која е од големо значење.
Благодарност и до ДПД Лаберс (Freiwillige Feuerwehr Labers) од Лаберс,Мерано, кои исто така обезбедија униформи за нашата противпожарна единица.
По Италија, остварена е посета и во збратимената општина Пуцонци (Občina Puconci) Република Словенија, како и на неколку доброволни противпожарни друштва.
Голема брагодарност до ДПД Печаровци (PGD Pečarovci) за обезбедената донација на заштитни униформи и чизми.



