Известување

Во изминатиот период, со порастот на температурите, евидентирани се повеќе интервенции на запалени трска, сува трева, стрништа и лозанки.

📢 Апелираме до сите граѓани дека палењето на отворено е СТРОГО ЗАБРАНЕТО и претставува сериозна опасност по животната средина, имотот и безбедноста на луѓето.

👮🏻‍♂️Поради тоа, во атарот на село Ерџелија, уапсено е едно лице поради палење оган на отворен простор.

❗️Повикуваме на максимална одговорност и почитување на законските прописи.

❌ Да не се пали оган на отворен простор!

➡️ Доколку забележите чад или оган, веднаш јавете се на бесплатниот телефонски број

☎️   1️⃣1️⃣2️⃣ / 1️⃣9️⃣3️⃣

Со почит,

Пожарна Свети Николе


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Следете нѐ на Фејсбук

Opstina Sveti Nikole
Opstina Lozovo