Обележување на јавните хидранти низ градот

По претходна контрола на исправноста на јавните хидранти во градот, во текот на изминатите два дена се спроведе мапирање и обележување на функционалните јавни хидранти, со цел нивно полесно и побрзо лоцирање од страна на противпожарните екипи.

✅ Со оваа активност се придонесува за поефикасна интервенција и подобра заштита на животите и имотот на граѓаните.

⚠️ Апелираме до сите:

➡️ Да не паркираат возила врз подземните хидранти ❗️

➡️ Да овозможат непречен пристап за пожарникарите ❗️

➡️ Да не ги злоупотребуваат и оштетуваат хидрантите ❗️

❗️Во случај на пожар, секоја секунда е важна!!

Овозможувањето брз пристап до хидрантите значи побрза реакција, помала штета и поголема безбедност за сите нас.

Да бидеме одговорни и совесни! 🤝

☎️ 1️⃣1️⃣2️⃣ / 1️⃣9️⃣3️⃣

Пожарна Свети Николе

#ЗаедноЗаПобезбедноСветиНиколе


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Следете нѐ на Фејсбук

Opstina Sveti Nikole
Opstina Lozovo