Како продолжение од минатата седмица, во делот на едукација и превентивно делување и спроведување на планот за заштита и спасување, денес 06.03.2023, беше спроведена тактичко-показна вежба “Симулација во случај на пожар и елементарна непогода и евакуација” каде што преку симулиран настан, учениците и вработените во училиштата имаа прилика подобро да ги запознаат мерките за безбедност и евакуација, а воедно им беше презентирана и дел од опремата која се користи при интервенции. Во оваа показна вежба беа опфатени ООУ “Гоце Делчев” – Свети Николе и ООУ “Даме Груев” с. Ерџелија, Свети Николе.