УНДП во посета на ТППЕ Свети Николе

Денес, 03.06.2024, во посета на ТППЕ Свети Николе беше Постојаниот претставник на УНДП во Македонија, г-дин Армен Грегорјан. На денешната посета беше презентирана техничката, работната и лично-заштитната опрема набавена преку проектот за меѓуопштинска соработка поддржана од “Програмата за развој на Обединетите Нации” во 2021 и 2023 година. Оваа опрема која што е од голема важност е со цел да ги зајакне капацитетите за одговор во кризни ситуации во регионот на општините Свети Николе и Лозово.
Во рамки на проектот беше изработена и веб страна за противпожарната единица. www.tppe.svetinikole.gov.mk
Огромна благодарност до UNDP MK и до сите инволвирани во проектот и се надеваме дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина.
 

Следете нѐ на Фејсбук

Opstina Sveti Nikole
Opstina Lozovo