Поради необично високите температури за овој период од годината, ТППЕ Свети Николе интервенираше на триесетина настанати пожари на отворен простор, односно запалени пасишта, стрништа, трска, грмушки и друго.
Па поради тоа, со цел поголема заштита од пожари, ТППЕ Свети Николе заедно со “Македонски шуми” ШС Свети Николе, ОВР Свети Николе и РЦУК Свети Николе, од денес и во наредните денови ќе спроведе кампања за заштита од пожари на отворен простор.
Да ги заштитиме нашата животна средина, животинскиот и растителен свет!!!
Пријави пожар на бесплатниот телефонски број 112 или 193
Пожарна Свети Николе