Нова опрема за потребите на ТППЕ Свети Николе

Денеска, во просториите на противпожарната станица беше предадена нова противпожарна опрема обезбедена преку проектот „Пост-КОВИД: Општините како двигатели за одржливиот развој“. Станува збор за проект за меѓуопштинска соработка помеѓу Свети Николе и Лозово, чија основна цел е да се зајакнат капацитетите за одговор во кризни состојби во регионот на двете општини. Овој проект го имплементира Програмата за развој на Обединети Нации (УНДП) во соработка со Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, а набавката на опремата е кофинансирана и од општините Свети Николе и Лозово.
Набавената опрема е наменета за ТППЕ Свети Николе којашто ја покрива и територијата на општина Лозово. Станува збор за лична заштитна и работна опрема за пожарникарите, како и колективна техничка опрема која е наменета за интервенции.
Во рамки на проектот беше изработена и веб страна за противпожарната единица, а општините се приклучија кон веб и мобилната апликација за пријавување проблеми во заедницата „Пријави 24“. Вкупната вредност на проектот изнесува 1,540,708,00 МКД од кои општините кофинансираа 265,782,00 МКД.
Меѓуопштинската соработка, која е основа за ова партнерство, ќе придонесе за поголема безбедност на граѓаните и ќе биде основа за понатамошни инвестирања, со цел подобрување на условите за живот и сигурноста во општините Свети Николе и Лозово.

Следете нѐ на Фејсбук

Opstina Sveti Nikole
Opstina Lozovo