Втора работна посета во Англија, Велика Британија

(25.10.2023) Како продолжение на претходната работна посета во Мај 2023г, но и долгогодишна соработка со здружението “Операција Флоријан” од Велика Британија, двајца наши пожарникари се во посета на новата противпожарната станица и новиот тренинг центар во склоп на противпожарната станица во градот „Хоршам“, (Horsham Fire Station) Англија. Целта на оваа работна посета е учество на дигитална симулациска вежба која се состои од настапување на интервенција на запален објект, проценка на ризик, командување на интервенција, координација со итните служби, и сите потребни процедури за брза и успешна интервенција.
Голема благодарност до Operation Florian , Roy Barraclough , West Sussex Fire & Rescue Service и сите други вклучени кои овозможија оваа работна посета да биде успешна и се надеваме дека и во иднина ќе продолжиме со соработката.

Следете нѐ на Фејсбук

Opstina Sveti Nikole
Opstina Lozovo