Денес, 15.12.2022 година, во посета на општина Свети Николе беше Нејзината Екселенција Амбасадорката на САД во Република Македонија, г-ѓа Агелер, при што свечено е пуштена во употреба новата противпожарна станица на ТППЕ Свети Николе, во вредност од 450.000 долари, а паричните средства се добиени како грант од Американската амбасада и Инжинерската команда на морнаричките сили на САД (НАВФАК) . На настанот присуствуваа и претставници од Инжинерската команда на морнаричките сили на САД (НАВФАК), институциите во градот, невладини организации и ученици од ACCESS проектот спонзориран од Американската амбасада. Амбасадорката се сретна со Противпожарната единица каде и беше претставена работата на ТППЕ и можностите кои се отвараат со новата противпожарна станица која е градена по највисоките светски стандарди.
Исто така на Американската амбасада е доделена Плакета по повод престојниот празник Свети Никола за посебни заслуги во противпожарната заштита на општина Свети Николе.
Од името на сите граѓани изразуваме најдлабока почит и благодарност за овој највисок чин на пријателство од Американскиот народ кон општина Свети Николе.