Од 1935 откако е формирано Доброволното противпожарно друштво (првата противпожарна единица воопшто во Свети Николе), до 1975 г. се под покровителство на Противпожарниот сојуз на Македонија . Во 1975 година со одлука на собранието на тогашна СФРЈ сите противпожарни друштва поминуваат под буџет на Републиката односно преминуваат во МВР како Територијални Противпожарни Единици (ТППЕ). Во ваква формација единицата се до 2005 година егзистира под МВР каде од 01.07.2005 година со спогодба поминува во Единицата за локална самоуправа Свети Николе со законско решение каде единицата ги покрива територијата на општините Свети Николе и Лозово.
Противпожарната единица на општина Свети Николе е една од 19 републички единици. Согласно член 5 став 4 од Закон за пожарникарството („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/04, 81/07, 55/13, 158/14, 193/15, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/19) “, ТППЕ Свети Николе ги покрива териториите на Општина Свети Николе и Општина Лозово.
Територијална противпожарна единица
Територијална противпожарна единица ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:
• Гаснење на пожари на подрачјето на Оштината, односно подрачјето што го покрива
• Отстранување на непосредната опасност за настанување на пожар
• Спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот загорзен од пожари и експлозии
• Укажување на техничка помош при опасни ситуации
• Извршување на други работи при несреќи и непогоди
• Врши непрофитабилни услуги заради подобрување на техничката опременост и услови за работа, кои не го оневозможуваат или попречуваат вршењето на функцијата од претходните алинеи на овој став
• Заедно со територијалните противпожарни единици на општините во РСМ утврдени со закон, дејствуваат како противпожарни единици на РСМ заради оперативно делување при гаснење големи пожари на целата територија на РСМ
• Давање помош кога тоа е побарано при гаснење пожари во други држави
• Водење посебна евиденција за настанатите пожари, експлозии, интервенции за гаснење и интервенции за други настани според единствена метологогија и известување на Дирекцијата за заштита и спасување и Општина Свети Николе
• Периодично испитување и проверка на исправноста на противпожарната опрема со која располага Територијалната противпожарна единица
• Тековна поправка и одржување на механиката
• Давање противпожарно обезбедување на објекти, делегации, јавни собири, спортски и други манифестации, во координација со Министерството за внатрешни работи
• Соработува со општините чии подрачја ги покрива, едукација на граѓаните за заштита од пожари, преку организација на предавања, преку медиуми и организирање други активности
• Други работи што ќе бидат доверени во надлежност согласно законите и другите прописи